На ден 10.05.2008 година во 14 часот и 55 минути во близина на хотелот „Парк“ во Охрид пронајдено е безживотното тело на лицето Марјан К. роден 1974 година во Охрид живее во с.Лескоец. Истиот е пронајден во возачката кабината на Товарно моторно возило (ТМВ) марка Газела со охридски регистарски таблички.
Екипи на СВР Охрид на лице место извршија криминалистичко-технички увид во присуство на Патолог , Јавен обвинител и Истражен судија при Основниот суд во Охрид. Притоа е констатирано дека врз телото нема никакви траги на насилство и дека смртта настанала како резултат на труење со инсектициди.
Инаку, во СВР Охрид, од страна на негови роднини Марјан како исчезнат беше пријавен на ден 10.05.2008 година околу 08 часот и 30 минути.
извор: СВР Охрид
ohridnews