Трагедијата се случила во јужнокорејскиот град Гвангжу. Студент со намера да се самоубие скокнал од прозор од зграда од 20 кат. Тој паднал врз локален службеник кој во тој момент минувал тука со сопругата и малолетен син.
Со тешки повреди двајцата биле итно пренесени во болница но не преживеале. Несреќниот татко имал 38 години, а студентот 25.
Полицијата најавила дека ќе поднесе обвинение за убиство од небрежност, со цел на семејството на загинатиот службеник да му се олесни процедурата за исплата на животнто осигурување.
OhridNews