Маж кој се обидел да се самоубие скокајќи низ Нијагарините Водопади, за чудо го преживеал падот од 55 метри.
Самоубиецот е втора личност во историјата која го преживеала падот, и покрај тоа што се спротиставувал на спасителите да го извлечат од водата.
По триесеттина минути во ледената вода, колку што им требало на спасителите да го извадат од водата, самоубиецот е извлечен од опасноста.
Мажот кој бил во доцните 30ти години, бил во полусвесна состојба кога е префрлен во болница, а потоа паднал во кома.
При падот ја повредил главата, а поради ладната вода настинал.
Последната личност која го преживеала падот бил продавачот на авто делови, Кирк Џонс кој во 2003 година се фрлил низ водопадите.