Охриѓанката Ели Аиноска – Аин, денеска ќе се претстви со самостојна изложба пред културната јавност во Кавадарци. Изложбата „Цртежи и слики“ ќе се одржи во локалниот Музеј – Галерија на Кавадарци, каде ќе бидат поместени делата на Аиноска.
– Започнувам со линија. Го користам јазикот на линијата – спонтан, исполнет со вишок енергија, мисловно празен, воден од моменталната состојба, а сепак способен да понуди богато естетско решение. Колористичката интервенција е ставена во функција за да се разбие едноличноста на линијата. Во овој случај бојата е само една надоградба, само една успешна артикулација помеѓу црната и црвената – пулсот кој ја прикажува енергијата на животот во мојот измислен свет полн со градби, вели за своите уметнички дела, Аиноска.
Самостојни изложби:
2007 г. – Охрид, музејска зграда “ Робевци”
2008 г. – Белград, “БЛОК”- галерија
2009 г. – Кавадарци, Локален Музеј – галерија Кавадарци
Учествувала на повеќе групни изложби во земјава и странство: Белград, Нови Сад, Бостон , Њу Јорк, Истанбул, Велес, Кавадарци, Куманово, Струга , Скопје и Охрид.