Во НУ Центар за култура, „Григор Прличев“, вечерва, 22 август со почеток во 20 часот, ќе биде отворена изложба на фотографии од Петар Боев ,што ќе трае до 27 август во рамките на Летен културен бран.
Од Центарот за култура и во наредните денови најавуваат бројни културни настани.
На 27 август во малиот изложбен салон се отвора првата самостојна изложба на Сандра Рилкова, чии дела се изложени во сопствена галерија во Скопје.
Предвидена е и богата понуда на филмови кои ќе можат да се проследат. До 25 август во Киното Бавча се прикажува филмската ревија македонски филмови -Циклус филмови од Столе Попов. Влезот е слободен. Од 29 до 31 август во Киното Бавча, со почеток во 20 часот, ќе се прикажува и филмот Седум дена во Хавана. Влезот е 100 денари.