Утре, сабота, во центарот за култура „ Григор Прличев“ ќе биде отворена самостојна изложба на охриѓанецот Богоја Мојсоски „ Контемплативни бранувања кон морфолошките и структуралните претстави“.

Ова е прва самостојна изложба на Мојсоски, чии дела досега биле дел од повеќе групни изложби во земјава и странство. Мојсоски беше дел и од проектот Скопје 2014, во реализацијата на сликарскиот дел во Македонскиот народен театар заедно со Константин Качев.

Изложбата ќе биде отворена во 19 часот во изложбениот салон на центарот.

OhridNews