Во рамки на интернационалниот фестивал „Сараевска зима“, на 7-ми март во главниот град на Босна и Херцеговина, ќе биде отворена самостојна изложба на охридскиот уметник Сашо Блажески.

Темата на изложбата е  “Аbstract in fabula”  и содржи слики изработени во комбинирана техника на платно.


Сашо Блажески е роден во Охрид во 1980 година. Со академско звање се стекнал на Факултетот за ликовни уметности од Букурешт, Романија, каде дипломира на насоката графичка уметност како еден од најдобрите студенти во генерација. 


Претстојната на Блажески ќе му биде четврта самостојна изложба, а неговите дела биле изложувани и на дваесетина групни изложби.

OhridNews