Деновиве започна дотерувањето на една од најфрекфентните улици во стариот дел на Охрид, „Цар Самоил“. На улицата каде се сместени два елитни охридски рестортани, пицерии, ателјеа, резбарски и други занаетчиски работилници, се врши санирање и фугирање на камената коцка и подигање на шахтите на потребната висина на коловозот. Покрај ова во тек е  поставување на разна инсталација.


се дотерува „Самоилова“

За да се обезбеди непречено, континуирано и квалитетно извршување на работите, улицата „Цар Самоил“ уште денеска ќе биде затворена за сообраќај. Од локалната самопуправа апелираат граѓаните од „Самоилова“ да бидат трпеливи бидејќи со преземените активности ќе се подобри нивното живеење…


додека трае уредувањето „Самоилова“ затврорена за сообраќај


се поправаат и…


…и нивелираат шахтите

Улицата „Цар Самоил“ со нов изглед

фото: Васко Бујароски