Се очекува бројот на загинатите да достигне и до 200.000.
Само во Порт-о-Пренс 150 илјади загинати
Состојбата на Хаити е драматична. Хуманитарната помош стигнува од сите страни, но таа тешко се дистрибуира до погодените подрачја. Владата на Хаити вчера донесе тешка одлука да се прекине акцијата за спасување на преживеаните под урнатините. Неполни 24 часа подоцна француски тим под урнат хотел пронајдоа живо дваесет и четиригодишно момче. Во џебовите имало колачи и сода, кои најверојатно му го спасиле животот.