Еден од најквалитетните ракометари во составот на македонскиот првак, Вардар Тимур Дибиров се повлече од репрезенацијата на Русија и мислите ќе ги насочи само кон клубот од главниот град на државата.

Информацијата за повлекувањето или привреманата пауза на Дибиров ја потврди селекторот на „зборнајата“, Кулешов, кој рече – Имавме состанок на кој нашиот капитен ни кажа оти сака пауза во репрезентацијата.

„Летечкото“ крило ќе го пропушти настапот на Русија на Европското првенство во Данска, а потоа дополнително ќе размисли за неговата иднина во селекцијата.

Мх.П.