Тусраката компанија „ТАВ“ единствено достави понуда на тендерот за продажба на аеродромите во Охрид и Скопје и за изградба на карго аеродром во Штип. Останатите три компании кои ги исполнуваа условите за учество на тендерот не доставија понуди. Од Министерството за транспорт и врски велат дека иако има само една понуда тендерот е успешен. Владина комисија ќе изврши еволуација на пристигнатата понуда по што би следело евентуално потпишување на договор за концесионирање на аеродрмомите во Охрид, Скопје и Штип во наредните 20 години.

Компанијата „ТАВ“ стопанисува со 12 аеродроми во Турција, Тунис и Грузија, а гради аеродроми во Египет и Катар. Менаџментот на компанијата најави дека во модернизација на постоечките и иаградба на аеродромот во Штип ќе инвестира 200 милиони евра.

Г.М.