Само три подмладоци на партиите се обврзаа на фер кампања во Охрид
01.03.09 15:48
На иницијатива на Социјалдемократската младина од Охрид, денеска беше потпишана декларација помеѓу подмладоците на политичките партии за фер и демократски избори.
– Пред Република Македонија стои најважниот чекор за дефинираење на нашата иднина на патот кон евроатлантските интеграции, а тој чекор се претстојните претседателски и локални избори, изјави потпретседателот на младите на СДСМ – Охрид, Васко Паскали. Тој додаде дека плакатите за промоција на кандидатот за градоначалник од оваа партија, Александар Петрески, ќе бидат поставени на соодветните локации назначени од општината и како што рече, со задолжителна почит на другите кандидати.
Само три подмладоци на партиите се обврзаа на фер кампања во Охрид
Декларацијата ја потпишаа само младинските организации на три политички партии, иницијаторот СДСМ, ВМРО НП и ДУИ. Трите организации со Декларацијата презедоа обврска дека ќе ги почитуваат одредбите од изборниот законик во поглед на поставување, лепење плакати рекламен материјал на местата одредени од страна на ОИК.
Вчеравечер, малата сала на Центарот за култура “Григор Прличев” беше претесна да ја собере публиката која дојде да го прослави деветтиот роденден на Импровокација, заедно со целиот тим ...
Денеска во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид беше промовирана стихозбирката „Насолзено цвеќе“ од уметникот Љубен Цветкоски Деновиве во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“ излезе од печа...
Шест златни и тринаесет сребрени медали за охридските бреинобреин генијалци на 13-от Интернационален Бреионобреин натпревар Истиот се одржа на онлајн платформа за учениците кои не можеа да присуств...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.