Охридскиот музички талент Антонио Ристески заедно со неговиот музички проект „Само Тони и Две Жени“, ќе настапи на „Балкански Младежки Фестивал“ во соседна Бугарија.

Се работи најголемото меѓунардоно собирање на младите од Југоисточна Европа, кое се организира секоја година.

Целта на фестивалот, кој овојпат ќе се одржи од 14-ти до 16-ти овој месец, е да се помогнат и промовираат младите од балканските простори.

Инаку, автентично за Ристески е тоа што истовремено свири на гитара, тапани, усна хармоника, казу и бас гитара. Досега, има настапeнo на повеќе манифестации ширум земјава, како Виноскоп во Скопје, Баскерфест Македонија, Фестивалот Т’к так во Кавадарци, вклучувајќи ги и настапите со Сашо Гигов-Гиш во Домот на млади во Штип. Неодамна, со култниот босански бенд Дубиоза Колектив сними видео за  песната „Kažu”.

OhridNews