Главна причина за тоа е поволниот развој на настаните во “Д“ Групата, каде дури репрезентациите од 2. до 4. место имаат една победа помалку и многу послаба кош разлика од Македонија.
Во моментов Македонија има најдобар ефект кај второпласираните селекции во групата. Покрај нас, фаворити за освојување на другите две места се Бугарија и Франција, кои се сигурни на 2. место во своите групи, а играат во последното коло дома со Србија, односно Турција, кои синоќа си го обезбедија местото на ЕП:
1. МАКЕДОНИЈА (3 победи;2 порази-кош разлика;+41),
2. ФРАНЦИЈА (3;2;+16),
3. БУГАРИЈА (4;3;+41),
————————-
4. Чешка (2;3;-4),
5. Израел (2;3;-13),
6. БИХ (2;3;-14).
Во последното коло се играат следните натпревари:
МАКЕДОНИЈА – Естонија,
Франција – Турција,
Бугарија – Србија,
Израел – Чешка,
БИХ – Велика Британија.
1. За да бидеме послаби од Чешка, збирот од нивната победа и нашиот пораз треба да изнесува 44 поени.
2. За да не измести Израел, збирот од нивната победа и нашиот пораз треба да изнесува 53 поени.
3. За БИХ да биде пред нас, збирот од нивната победа и нашиот пораз треба да изнесува 54 поени.