Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива нормално без забрани, по суви и чисти коловози. Интензитетот на сообраќај е умерен надвор од градските средини, како и во правец кон поголемите туристички места во државата.

Сеуште во тек е ронструкцијата на регионалниот пат Струга – Дебар, поради што има целосни прекини во одвивањето на сообраќајот, секојдневно во неколку интервали; од 08.00 до 10.30 часот, од 11.00 до 13.30 и од 14.30 до 17.00 часот. Поради тоа на возачите им се препорачува да го користат алтернативниот правец преку Кичево.

Состојбата на граничните премини е редовна, а за излез и влез во земјата се чека петанаесетина минути, информираат од АМСМ.

Ohridnews