Да оствариме игра во која ќе доминирме на мечевите против Андора, Естонија, и во двомечот со  Израел да стигнеме до 4 место, плус за нас ќе биде секој позитивен резултат со фаворите во нашата група. Ова беа збровите на селекторот Среќко Катнец веднаш по доаѓаето на чело на македонскта репрезентација.
     
На 4 кола до крајот на квалификациите за пласман на ЕП, ние се наоѓаме на 5 место со 7 освоени бодови, ниту сме загрозени ниту пак можеме нешто погоре. На натпреварот против Естонија по долго време Ќе ја имаме фаворитската улога на теренот и Ќе се соочиме со притсикот од навивачите, медиумите,  бидејќи право на кикс повеќе немаме. Сите кредити се потрошени и само победа е она што ќе ја задоволи македоската јавност. Повеќе од три години немаме победа на „Градски“, а ниту селекторот немаше можност да се израдува на победа на домашен терен.

За него добро е што треба да се вади на домашен терен и тоа против селекцијата на Естонија, бидејќи сигруно со победа над естонците малку ќе легнат работите по лошите изданија против Изреал  и последното против Русија…можеби и не игравме толку слабо против русите колку што не покажавме фудбалска дрскост , да го земеме она што ни беше подарено.

Но, Русија е зад нас,  а  пред нас е новиот предизвик наречен Естонија. Во првиот натпревар во Талин со голот на Гоце Седлоски ја извојувавме првата победа во квалификациите. Од тогаш естонците го сменаа тренерот, но не верувам дека сменале нешто во нивната игра.

Поради жолти картони Катанец ќе мора на Естонија да и се спротистави  без најдобриот македонски играч Горан Пандев и стандардниот во одбраната Игор Митревски .

Натпреварот се игра на 12 септември во Скопје  со почеток во 20.30 мин (пренос А1)

Англија – Русија ,Андора – Хрватска       

Дерби натпреварот на утрешните квалификацци се игра во нашата Е група. Да се биде или натпревар за Англичаните кои на Вембли ќе ја пречекатт руската “зборнаја“. Само победа го остава Гордиот Албион“ во игра за место на ЕП. Вообичаниите провокации пред секој еден важен натпревар за англичаните ги започна Гус Хидинк . Рускиот селектор најави дека неговата репрезентација ќе ги уништи шансите на Англија за пласман на ЕП во Австрија и Швајцарија.

„Од Руската федерација ме убедија дека сметаат на мене и во иднина, но којзнае ако ја победиме Англија, можеби ќе добијам понуда и од Гордиот Албион“, се пошегува на крајот Хидинк. 

Коцкастите не би требало да имаат поголеми проблеми со селекцијата на Андора и со нови три бода ке се зацврстат на врвот на табелата

Среда :
18.00    Андора – Хрватска
20.30    Македонија  – Естонија
21.00    Англија – Русија

Табела

1.    Хрватска             8    20
2.    Русија                 8    18
3.    Англија               8    17
4.    Изреал                8    17
5.    Македонија        8    7
6.    Естонија             8    3
7.    Андора               8    0    

Мирко Постоловски