Само победа е во мислите на охридските „гладијаторите“ во дуелот со Текстилец во рамките од четвртата рунда од плејаутот во Супер лигата.
Избраниците на охридскиот стратег Горан Андоновски со победа над Преспа на домашен терен ја започнаа борбата за опстанок во елитата.
Еднаш веќе охриѓани го најдоа рецептот за победа против штипјани, а сеуште го немаат заборавено минималниот и несреќниот пораз 27-26 во Штип.
Мечот се игра во 18:30 часот.
Мх.П.