го одигра најзначајниот меч во квалификациите за пласман на Европското
првенство во Данска во 2014 година.
Македонските ракометари, во Цирих, ќе мора да забележат победа, доколку
сакаат да ги задржат шансите за пласман на континенталниот собир.
„Швајцарија е поквалитетна репрезентација од Португалија. Нас таму не
очекува тежок натпревар, но во ниту еден сегмент во играта ние не
заостануваме зад Швајцарија, напротив ние сме подобри и тимски и
индивидуални, имаме поголем фонд на играчи. Има најава дека во Цирих ќе
имаме поддршка од 700-800 наши навивачи што ќе биде мотив повеќе“, смета
капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров.
Македонија со две победи, доколку Португалија не направи вистинска
сензација и ја победи Шпанија, ќе избори пласман на ЕП. Во случај
Португалија да одигра нерешено со Шпанија, а Македонија ја совлада
Швајцарија, тогаш на 16.јуни во Скопје ’црвено-жолтите’ ќе мора да ја
совладаат Португалија со најмалку осум голови разлика. Комбинациите
пред последните две средби се тие, а од таборот на репрезентацијата
најавуваат дека максимално се фокусирани на она што ги очекува.
Селекторот Ивица Обрван, со исклучок на крилните играчи Манасков и
Ѓеоргиевски, кои подолго време се повредени, на располагање ќе ги има
сите останати ракометари.
Квалификацискиот натпревар помеѓу Швајцарија и Македонија ќе започне во
20 часот, судии на мечот ќе бидат Тиери Денц и Денис Рибел од Франција.