Ракометарите на Охрид, в сабота со почеток во 19 часот на домашен терен во рамките од четвртата рунда во Супер лигата ќе ги одмерат силите со Радовиш. „Гладијаторите“, пред почетокот на мечот ја имаат фаворитската улога на хартија, но Радовиш осетно се засили и сигурно во Охрид нема да дојде со бело знаме.

  • Ни доаѓа екипа која значително се засили во летниот преоден рок и тие како нас ќе атакуваат на местата од врвот на табелата. Ние како тим никој противник нема да го потцениме и ќе играме со 100% на теренот. На домашен терен со поддршка од „Рибарите“ и публиката ќе атакуваме на секој меч ќе одиме на победа. Сезонава играм на друга позиција во одбрана, но тоа не ми претставува проблем. Можам да играм на било која позација на која ќе можам да му помогнам на тимот. – рече пивотменот Иван Тасески.

Еден од новајлијите во охридскиот состав, Филип Кривокапиќ благодарание на соиграчите и управата немаше проблем да се адаптира во тимот. Црногорскиот ракометар е главната ролја во екипата и за сега добро се снаоѓа во таа улога.

  • Не ми требаше многу време да се адаптирам во екипата бидејќи момците и клупската управа многу ми помогнаа. Екипата е добра и формата оди во нагорна линија. Со Пелистер покажавме добра игра во одбрана, а со Радовиш истото ќе треба да го потврдиме. Нашиот противник има три квалитетни ракометари и наша цел ќе биде да ги задржиме и со ефикасен да победиме и да освоиме нови бодови. – изјави Филип Кривокапиќ.

Во пресрет на средбата во СРЦ „Билјанини Извори“, Охрид и Радовиш имаат по шест бодови и ја делат четвртата позиција на табелата.

Мх.П.