Од денес до среда Македонија ќе биде домаќин на квалификациите за ЕП за фудбалери до 17 години. “Црвено-жолтите“ се во група со Романија, Шведска и Република Ирска, а селекторот Висар Ганиу најави атака на место во елитната рунда квалификации.
– Се освен пласман во елитната рунда ќе биде неуспех. Познаваме дел од селекциите и според нашите сознанија ќе ја темпираме против играта за мечевите – рече Ганиу за време на подготовките на фудбалерите на тест средбата во Струга.
Мечевите ќе се играат на терените во Скопје и Куманово.
Прво коло
Скопје : Македонија – Романија
Куманово: Ирска – Шведска
Второ коло 1 октомври
Скопје : Македонија – Ирска
Куманово : Романија – Шведска
Трето коло 4 октомври
Скопје : Македонија – Шведска
Кумананово : Романија – Ирска
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com