Обложувалницата „Премиер“ е единствената во Охрид која доби лиценца за работа од Министерството за финансии. Таа е и единствената (покрај тие на Лотарија) која во моментов работи. Другите според министерството не ги исполниле условите за добивање лиценца. 

Поради таквата состојба во „Премиер“ деновиве се чеа ред за уплата.


гужва во „Премиер“

Како што е познато во мај Владата го измени Законот за игри на среќа со што обложувачниците требаа до крајот на август да се пререгистрираат во трговски друштва со поволна можност за основачки капитал кој од 2,5 милиони евра беше намален на 200 илјади евра и 300 илјади евра банкарска гаранција.


тип 1,0 или 2?

Поради неисполнување на овие законски услови најголемиот дел од обложувалниците во Охрид деновиве се затворени.

Г. Момироски
фото:В. Бујароски