Само една плажа во Лагадин поднела барање за приклучување кон градскиот водовод, соопшти денеска МЈП „Проаква“, од каде информираат дека останатите плажи на охридското крајбрежје оваа година ќе бидат без вода за пиење и за туширање.
Доколку вакво барање сега се поднесе ќе се удоволи или не во зависност од водоводната траса која поминува покрај плажите, велат од „Проаква“.
На денешната прес конференција од „Проаква“ информираа дека во охридско-струшкиот регион ќе се градат шест мали хидроцентрали, две на изворите во Горна Белица и четири кај „Летничките извори“ над селото Рамне, кај Охрид, за што е распишан меѓународен тендер.