До денеска во Охрид се евидентирани само 4 заболени од заушки, но нема простор за паника од појава на епидемија.

Превентивната вонредна вакцинација против паротит или заушки за средношколците  започна уште кон средината на минатата седмица а досега се вакцинирани 650 средношколци.

Министерството за здравство одлучи задолжително да се вакцинираат младите на возраст од 15 до 19 години кои досега ги немаат примено двете вакцини против ова заразно заболување.

Во одделението за имунизација во Здравствениот дом во Охрид добиле 2 000 вакцини против заушки, а имунизацијата се врши секој работен ден од 8 до 16 часот.

Ohridnews