Една од најчестите одлуки во последно време е дека ќе пиеме повеќе вода, што покажува дека луѓето се освестиле за потребата од оваа корисна течност.
Водата е неопходна за живот, тоа им е јасно за сите, но и покрај тој факт прилично го занемаруваме дневниот внес на вода и ретко размислуваме за корисните работи што ги пропуштаме.
Научниците откриле дека ако пиете само едне процент повеќе вода дневно, ги намалувате нивото на калории, шеќери, натриум и холестерол кои ќе ги внесете во организмот. Оние кои почнале да пијат само една чаша повеќе вода набрзо ги воочиле промените.
Како што е објавено во списанието Journal of Human Nutrition and Dietetics научниците анализирале податоци за консумација од повеќе од 18 300 возрасни луѓе. Еден од научниците, Руопенг Ан, открива дека просечната возрасна особа конзумира 4.2 чаши обична вода дневно (чај и кафе не се пресметани).
Тоа е всушност повеќе од 30% од нивниот целокупен дневен внес на вода кога ќе се пресметаат и другите пијалоци и храна кои содржат вода.
Само еден процент повеќе внес на вода дневно резултирал со тоа дека испитаниците јаделе 8.58 помалку калории, 0.74 грама помалку шеќер, 9.8 мг натриум помалку и 0.88 грама помалку холестерол. Тоа е само за 1 процент, а кога тоа ќе го префрлите на цела чаша, бројките значително се зголемуваат.
Затоа ако сте жедни – испијте голема чаша вода!
извор:metro-portal