Екипата на Охрид одигра нерешено 23:23 со Тинекс Пролет во Скопје во натпревар од 19 коло од Супер лигата. Дека натпреварот не беше на олчекуваното ниво за „гладијаторите“ говори резултатот од првото полувреме кое Тинекс Пролет го доби со 12:8.
На три кола до крајот на регуларниот дел од сезоната Охрид е на 4 место на табелата со 28 бода зад Вардар, Е. Пелистер и Алкалоид.
Деветнаесеттото коло ќе биде комплетирано денеска со дерби натпреварот во Битола каде се среќаваат актуенлниот шампион Еурофарм Пелистер и лидерот Алкалоид.
Во следното коло, Охрид ја пречекува екипата на Куманово.
Г.М.