Екипата на Барселона продолжи со игрите „топло ладно“ и освои само бод на „Ноу Камп“ стадионот, ремизирајќи 2-2 со Валенсија. Наспроти Барселона, Арсенал пак, продолжи да ниже порази. Овој пат „топчиите“ беа поразени од Евертон 2-1, додека Јувентус славеше во дуелот со Парма (4-0) и полека се искачува кон врвот на табелата во Серија А.
Фудбалерите на Барселона доминираа од почетокот до крајот на мечот. Но, Валенсија беше таа која го отвори резултатот. Дикаби ја погоди мрежата на Андре Тер Штеген после 29. минути игра. Каталонците ги зголемија нападите и до финишот на првиот дел преку Лионел Меси го изедначија резултатот. Во вториот дел, Барселона го презеде водстово после маестралниот погодок на Аруао. Валенсија и покрај негативата не се предаде и успеа со голот на Гомез да обезбеди егал и бод од „Ноу Камп“.
Примера: Атлетико Мадрид – Елче 3-1, Барселона – Валенсија 2-2, Леванте – Реал Сосиедад 2-1, Осасуна – Виљареал 1-2, Севиља – Ваљадолид 1-1
Табела: Атлетико Мадрид 29, Реал Сосиедад 26, Реал Мадрид 26, Севиља 20, Барселона 21…
Избраниците на Карло Анчелоти ја продлабочија кризата во Арсенал, откако во дербито на „Гудисон Парк“ славеа со 2-1. „Карамелите“ додадоа масло во огнот кај навивачите и управата на клубот за евентуален отказ за менаџерот Микел Артета. Арсенал не знае за победа повеќе од еден месец и се наоѓаат на 15-та позиција на табелата со 4 победи во 14 мечеви.
Премиер лига: Кристал Палас – Ливерпул 0-7, Саутемптон – Мен Сити 0-1, Евертон – Арсенал 2-1, Њукасл – Фулам 1-1
Табела: Ливерпул 31, Евертон 26, Тотенхем 25, Лестер 24, Саутемптон 24, Мен Сити 23, Мен Ју 23…
Како што одминува сезоната, така Јувентус се искачува скалило по скалило на врвот од Серија А. „Бјанконерите“ успешно поминаа нова пречка, откако со 4-0 славеа на гостувањето кај Парма. Голем дел од дилемите околу победникот Јувентус ги реши во првите 25 минути, кога преку Кулушевски и Роналдо поведе со 2-0. Роналдо со втор погодок на стартот од второто полувреме зголеми на 3-0, а, конечните 4-0 ги постави Алваро Мората.
Резултати: Фиорентина – Верона 1-1, Сампдорија – Кротоне 3-1, Парма – Јувентус 0-4
Табела: Милан 28, Интер 27, Јувентус 27…
OhridNews