Заклучно со 18 јуни до општинската комисија за категоризација биле доставени само 450 барања на приватни станоиздавачи, а издадени се 350 решенија за вршење сместувачка дејност лиценца, соопшти Секторот туризам и ЛЕР.
Од ЛЕР објаснуваат дека ова се официјални податоци кои единствено се релевантни, бидејќи целта е да се создаде база на податоци во која со точност ќе се евидентираат сите податоци поврзани со приватното сместување. Раководителот на секторот Гоце Симоноски вели дека точниот број на приватни издавачи на станови односно соби за туристи во Охрид не е познат, и дека не треба да се шпекулира со претпоставки бидејќи целта е да се добијат прецизни податоци. Тој информираше дека базата на податоци е подготвена и дека софтверот функционира, но дека во него засега се внесени само основните и податоците со кои располага секторот.
Само 450 станоиздавачи пријавиле свои капацитети
Од ЛЕР најавуваат дека категораизацијата ќе продолжи и во летните месеци, и дека ќе биде засилена инспекциската контрола на терен.Единствениот инспектор по туризам, Ѓорѓи Сошаснски, во очекување на засилување, објаснува дека станоиздавачите иако се информирани за сите законски обврски, сеуште не го менуваат начинот на привлекување туристи.
„За жал сеуште сме сведоци на лошата слика на охридските улици особено на потегот кај старата и новата автобуска станица каде одредени станоиздавачи буквално ги бркаат гостите и се втурнуваат во нивните автомобили со што повеќе ги плашат отколку што ги привлекуват“, вели Сошански.
Од Лер најавуваат дека деновиве ќе бидат дистрибуирани едукативни флаери преку кои станоиздавачите ќе бидат запознати со начинот на кој можат да ги пријават своите капацитети. Оттаму информираат дека согласно законот станоиздавачите во иднина ќе треба да водат и книга на гости која ќе треба да ја пријавуваат во полицијата и дека тие податоци ќе бидат проверуварини.
Од ЛЕР информираат дека целта е да се стави ред во сверата на туризмот и да се зголеми наплатата на туристичката такса која во минатата година изнесувала 12 милиони денари. Оваа година согласно буџетот од туристичка такса градот очекува да инкасира 16 милиони денари.
Од ЛЕР велат дека дека дел од станоиздавачите, но и големи хотелски капацитети ја избегнуваат обврската и не плаќаат туристичка такса, што како што беше речено, негативно се одразува на реализацијата на инфраструктурните проекти кои имаат за цел подобрување на туристичаката понуда на градот.
Г. Момироски