Деветнаесет држави ќе земат учество на охридскиот Самит на Централно Европската иницијатива кој официјално започнува денеска. Од нив 17 ќе бидат претставени на претседателско ниво.
Прв на Охридскиот аеродром слета пртседателот на Турција Абдула Ѓул, кој вчера ги посети Битола и Ресен. Турскиот претседател е почесен гостин на Самитот по што останува во билатерална посета на Македонија. На Самитот во Охрид ќе учествуваат сите 18 земји членки на Централно Европската иницијатива:Албанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Германија, Унгарија, Италија, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Полска, Романија, Србија, Словачка, Словенија и Украина.
почнува охридскиот самит на претседатели
Работниот дел од Самитот започнува денеска , кога на учесниците ќе им се обрати и премиерот Груевски. Централно место на Самитот ќе заземат проширувањето на ЕУ и последиците на тој процес врз националните економии и енергетскиот развој на регионот. Самитот во Охрид се смета за извонредна шанса за афирмирање на македонските национални интереси и позиции пред се во спорот со Грција за името и околу евроатлантските аспирации.
Идејата за креирање на неформален, не-институционализиран политички форум на шефовите на државите од Централна Европа прв пат беше дадена во септември 1993-та година, во Салцбург – Австрија, На овие средби шефовите на држави дискутираат за актуелните политички и економски проблеми и предизвици во нивните региони, но и за глобалните политички прашања на европскиот континент и пошироко.
ohridnews