На средбата на 27-те лидери на земјите од Европската унија, во Версај, холандскиот премиер Марк Руте го отфрли брзиот пристап на Украина во ЕУ, јави дописникот на МИА.

Нема брза процедура“, потсети тој, додека Киев поднесе апликација со надеж дека ќе и се придружи на Унијата „без одлагање“. Сепак, „сакаме интензивно да соработуваме со Украина“, рече Руте.

Самит на ЕУ во Версај
Самит на ЕУ во Версај

Самитот на ЕУ е со цел за заеднички да се воспостави економската и дипломатската иднина на Унијата. Војната во Украина и нејзините економски, дипломатски и политички последици ќе бидат во центарот на сите дискусии.

Исклучена можноста за брз пристап на Украина во Унијата
Исклучена можноста за брз пристап на Украина во Унијата

На дневен ред се: зајакнување на одбранбената способност на ЕУ, намалување на нејзината енергетска зависност, особено од рускиот гас, нафта и јаглен и изградба на поцврста економска база.

OhridNews
Фото: Миа