Репрезентативниот центар Предраг Самарџиски предвреме го раскина договорот со Литвос Ритас и потпиша за белградската Црвена Ѕвезда.

Пред почетокот на Европското првенство во Литванија, Самарџиски потпиша договор со Литвос Ритас. По одигрувањето на Евробаскетот каде Македонија го освои четвртото место Самарџиски со одличните престави во националниот дрес ги освои симпатиите на навивачите.

Корпулетниот кошаркар втор пат ќе настапува за белградски тим откако прво ги бранеше боите на Партизан. Деби до “црвено белиот“ дрес Самарџиски ќе има во наредното коло од Јадранската лига.

Мх.П.