Македонскиот кошаркарски интернационалец Предраг Самарџиски имаше одлично деби во дресот на литванскиот Литвос Ритас победувајќи ја Будуќност со 83-64 и обезбеди пласман во полуфиналето од турнирот што се игра токму во Вилнус.
Самарџиски за 21 минута на паркетот постигна седум поени а имаше и четири скокови.
Следен противник на Литвос во квалификацискиот турнир ќе биде хрватскиот претставник Цибона, кој го совлада францускиот тим Шоле со 77-70. Литвос важи за голем фаворит на оваа средба, а потоа и за освојување на квалификацискиот турнир и добивање на билет во Евролигата.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com