Центарот на МЗТ Скопје Аеродром, Предраг Самарџиски одлучи повторно да го облече дресот на репрезентацијата за Европското првенство што летово ќе се одржи во четири држави.
Членот на славната генерација на македонската репрезентација од 2011позитивно одговорил на повикот на новиот спортски директор на репрезентацијата Заре Марковски и веќе потврдил дека ќе се појави на подготовките.
„Со големо задоволство можам да кажам дека се ставам на располагање на селекторот и на македонската кошаркарска репрезентација со цел што подобро да ја претставам на Европското првенство 2015″, изјави Самарџиски.
Претходно и бекот Владо Илиевски одлучи да се врати во репрезентацијата и да му биде на располагање на селекторот Александар Џикиќ за Евробаскетот.
„Макфакс“