Македонската кошаркарска репрезентација в петок против Грција во 18 часот го започнува учеството на Евробаскетот кој ќе се одржи во четири земји.


Центарот и еден од поискусните кошаркари Предраг Самарџиски дуелот со грците го гледа како клучен, но не и толку важен за понатамошниот развој на настаните.

– Сите сакаат да победиме Грција и ние ќе сториме се да го направи тоа. Но, во оваа група не ни е само Грција противник туку има уште четири други селекции. На мечот со грците мора добро да играме за кревање на самодовербата што ќе ни треба во останатите мечеви. – рече Самарџиски.

Фокусот центарот на македонскиот првак МЗТ Скопје го става на дуелите со Холандија и Грузија кои по квалитет заотануваат зад Македонија.

– Наш приоритет се дуелите со Холандија и Грузија од кои можеме многу да извлечеме. Тоа секако не значи дека ние на другите дуели ќе играме со бело знаме и однапред ќе се предадеме. – заврши центарот.

Македонија мечевите ќе ги игра во хрватскиот град Загреб, а домаќини се уште Рига, Берлин и Монпеље.

Ohridnews