Македонскиот репрезентативен центар Предраг Самарџиски, постигнал
договор со Мерсин и во следните две сезони ќе го носи дресот на овој
турски прволигаш.

Дваесет иседумгодишниот кошаркар во Турција се сели од белградска Црвена
ѕвезда каде имаше неуспешна шестмесечна авантура. Самарџиски има
искуство од турскиот кошаркарски шампионат каде во сезоната 2010/2011
настапуваше за Олин Едирне.

Членот на македонската репрезентација, која на Европското првенство во
Литванија го освои четвртото место. во кариерата има настапувано за
Партизан од Белград, ФМП Железник и Лијетувос Ритас.

„Макфакс“