За историскиот идентитет на грчката Македонија не преговараме, изјави грчкиот премиер Андонис Самарас на отворањето на Меѓународниот саем во Солун, јавува дописникот на Канал 5, пренесува „Макфакс“.

Развој значи безбедност, стабилност, просперитет, но стабилност значи дека не се толерираат ниту провокации, ниту иредентизми од соседни земји. Ние први сакаме да им помогнеме на нашите соседи, но за историскиот идентитет на грчката Македонија не преговараме. Ние први им подаваме рака на пријателство и бараме заедничка перспектива за развој, но со еднострани провокации пријателството не може да издржи и не може да постои соработка. Ова го кажувам колку е можно поедноставно и се надевам ќе го сфатат“, изјави Самарас.

Медијаторот на Обединетите Нации во спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц во понеделник ќе ја посети Атина, а потоа ќе дојде во Скопје. Државната агенција МИА, повикувајќи се на дипломатски извори јавува дека Нимиц не доаѓа в Атина со нов предлог за името

OhridNews

„Макфакс“