Грција ќе ѝ помогне на Македонија да влезе во Европа само ако се откаже од иредентизам и прифати едно име за севкупна употреба, порача денеска грчкиот премиер Андонис Самарас во говорот на 9 -от конгрес на партијата „Неа демократија“.

Проблемите кои постојат во земјите од соседството треба да се решат, а не да се ставаат работите под тепих. Ние сакаме мирно да живееме со нашите соседи, ако сака Скопје да влезе во Европа ние ќе им помогнеме, но тие треба да се откажат од нивниот иредентизам. И да се согласат за едно име за севкупна употреба кое нема да задира во грчка Македонија.“ – изјави  Самарас, пренесува „Канал5“.

Инаку, како што јави дописникот на Канал 5 од Атина, откако Самарас завршил со делот посветен на Македонија, му се слошило, па не го продолжил говорот, туку побарал да седне.

OhridNews