Сиена Мунданго (25) од Калифорнија ја осудиле на година дена затвор бидејќи сама си испраќала заканувачки пораки. Девојката на полицијата и рекла дека и прети нејзиниот поранешен дечко. Често го пријавувала, а полицијата го уапсила 19 пати.
Сиена откако во 2008-та година раскинала со дечкото, купила нов број за мобилен телефон и постојано си испраќала заканувачки пораки. Измамата е откриена, а судот покрај казната затвор наредил да се исплатат и 50 000 долари отштета на поранешниот дечко.