Бидејќи немал пари за да плати кај приватен заболекар, Иан Бојтон, воен пензионер од Јоркшир, одлучил сам да си ги извади забите кои го болеле.

„Во последните 8 години се обидував да закажам кај 30 заболекари. Меѓутоа ниту еден од нив не ги примаше пациентите со државно здравствено осигурување. Со тек на време забите се повеќе ме болеа. Така сфатив дека ќе мора сам да си ги извадам. Неверојатно, но тоа и не боли толку многу“ – рекол Иан.


За време на последните 2 години Бојтон сам си извадил вкупно 13 заби, меѓу кои и катници.

„Сега е навистина време да најдам заболекар. Повеќе не трпам болка, но ми се потребни нови заби за да можам да јадам. За жал не можам сам да ги направам“ – рекол пензионерот.