Алекс Ленкеи (61), хипнотизер од Вотхинг, Англија, сам себе се хипнотизирал пред 83 минутната операција. Тврди дека бил свесен на се што се случувало оклу него, но не осеќал болка. Во болницата му ги оперирале коските од дланката како би му ја отстраниле болката од артритис. Ортопедскиот хирург Давид Кларк се согласил на необичниот метод на успивање. Бил сигурен во неговата стручност и му било мило што се добро се завршило. Алекс е регистриран хипнотизер од својата 16-та година.
– Операцијата помина сосема добро. Ми требаше околу 30 секунди до минута да се хипнотизирам. Бев длабоко релаксиран. Знаев што се случува и ги слушав разговорите во операционата сала – рекол Алекс.
Во текот на операцијата за секој случај бил присутен и анестезиолог.