Ролф Мителхаус (49) од Дортмунд во Германија имал голема среќа кога при обид на грабеж го застрелал разбојник. Конечно од неговите 126 килограми имал некаква корист.. Имено, бројните наслаги на сало го сопреле куршумот. Но, тој дури по два дена дознал дека е застрелан и дека куршумот сеуште се наоѓа во него.
„Разбојникот ме нападна и слушнав силен звук од оружје, но имав пиено и не сфатив што се случува. Не почувствував никаква болка“ – раскажува Ролф.
Лекарите куршумот го пронашле заглавен во наслагите од сало.