Спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид од денеска нормално функционира откако по пет дена мрак повторно е приклучена во електро мрежата. По пишувањето на „Ohridnews“ вчера дека салата е без струја, во попладневните часови таа била повторно вклучена на електро мрежата, а се одржал и редовниот тренинг на кошаркарите.

момент до синокешниот тренинг

Од спортската сала ни ја потврдија информацијата,но не соопштуваат детали како е надминат проблемот. Вчера во изјава за „Ohridnews“, Боро Павлоски директор на ЈП Охридски Комуналец потврди дека салата има неплатен долг за струја и дека тој изнесува околу 300.000 денари. Тој посочи дека всушност проблемот настанал поради неосновано мешање во случајот на  ЈП за стопанисување со спортски објекти кое писмено побарало од ЕВН да се исклучи струјата во охридскта сала.

Салата „Билјанини извори“ без струја беше од четвртокот, поради што викендов не се одигра првенствениот натпревар помеѓу Билјана 006 и Водњански Лисици.

Горан Момироски

.