Репрезентацијата на Египет избори пласман во големото финале на Купот на Африка, откако вечерва беше подобра од домаќинот Камерун по изведувањето пенали. Мечот во регуларниот дел заврши 0:0, а мрежите мируваа и во продолженијата. Во пенал серијата камерунците не го издржаа притисокот промашувајќи 3 од 4 удари од 11 метри, а „фараоните“ постигнаа 3 гола. Јунак на натпреварот беше египетскиот голман Мохамед Абу Габал, кој одбрани три пенали.

Во финалето на Купот на Африка Египет ќе се сретне со Сенегал. Тоа ќе биде судир на двете големи ѕвезди и партнери во нападот на премиерлигашот Ливерпул, Мохамед Салах и Садио Мане.

Финалето на програмата е на 6 февруари.

Г.М.