Мохамед Салах е прогласен за играч на годината во Премиер лигата од страна на Здружението на професионални фудбалери на Англија (ПФА).
Крилниот напаѓач на Ливерпул минатата сезона ја подели титулата најдобар стрелец во лигата со Сон Хеунг-Мин од Тотенхем, постигнувајќи 23 гола на 35 натпревари.
Египќанецот ја добива оваа награда по втор пат во кариерата. Првпат тоа му успеа во сезоната 2017/18.
Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Филип Фоден, втора година по ред ја освои наградата за млад играч на сезоната. Дваесет и двегодишниот играч од средниот ред го доби признанието постигнувајќи девет гола на 28 натпревари за „граѓаните“ во Премиер лигата