Готово е, дилеми повеќе нема. Мо Салај останува на “Енфилд” и ќе биде најскапиот играч на Ливерпул.

Како што пренесуваат медиумите од островото, Салах потпишал нов 3-годишен договор. Египќанецот неделно ќе заработува 400.000 фунти, односно до 2025 година ќе инкасира фантастични 20.8 милиони фунти.

Се чувствувам одлично и подготвен сум за освојување нови трофеи со Ливерпул. Ни требаше малку време да се договориме, но сега тоа го решивми и останувам фокусиран на иднината. – изјави Салах.

30-годишниот Салах во Ливерпул дојде од Рома во 2017 за 42 милиони фунти. На 254 натпревари тој постигна 156 гола и имаше 63 асистенции.

Г.М.