Рецептот за среќа е прилично едноставен, тврдат научници кои велат дека среќата зависи од тоа дали работите одат подобро отколку што сте очекувале.
Среќата не е недостижна, тврдат научници од британскиот Универзитет Лондон и препорачуваат едноставен и ефикасен рецепт – намалете ги очекувањата и ќе бидете среќни во животот.
Имено, нивното истражување покажало дека среќата не зависи од тоа како работите се одвиваат во животот, туку дали одат подобро од она што сме очекувале.
Интересниот експеримент во кој испитаниците играле коцкарска игра имал два можни исходи – да се добијат 40 пени во секоја игра, или можеби да се освојат 90 пени или ништо. Резултатите покажале дека акумулирањето на парите не е она што ги прави среќни, туку очекувањата за поголема заработка.
Нивниот совет е навистина едноставен – намалете ги очекувањата и големи се шансите работите да тргнат на подобро отколку што сте мислеле, што ќе ви донесе среќа.
извор:metro-portal.hr