Да, сакаме победа на охридските ракометари на натпреварот со Куманово во Супер лигата. Дуелот меѓу овие две екипи во петтата рунда од Супер лигата е закажан во 18 часот, а билетот за влез чини 30 денари.


Охридската публика на победа од своите спортски миленици чека три натпревари, а сега против Куманово е вистинско време ракометарите да ги израдуваат своите навивачи.

Пред избраниците на охридскиот стратег Горан Андоновски во Супер лигата престојат два натпревари кои ги играат на домашен терен и со победи на двата можат да го дадат вистинскиот патоказ за понамошниот дел од сезоната.

За тоа на „гладијаторите“ им е потребна поддршка од трибините кои несебично ја добиваат две години, па нека биде така и сега. Се гледаме на трибини !!!

Мх.П.