Вечерва во 19 часот охридските ракометари пред своите гледачи против Металург Јуниор ќе го одиграат последниот натпревар од регуларниот дел во Супер лигата.

Сезонава домашниот терен е заштитен знак на охридските ракометари. Никој освен Зомимак не успеа во Охрид да освои бодови на лесен начин, а тоа не го направија многу екипи.

Гостувањето на Металург Јуниор треба и мора да биде мотив повеќе за охриѓани кои претрпеа убедлив пораз во првиот меѓусебен дуел во Супер лигата.

Без разлика на противникот охридската публика сака едно тоа е победа. Сакаме победа !

 

Мх.П.