Добро бре луѓе не луѓе, некој во ова држава мене ќе ми помогнит некогаш????А??!!! Абре кај не се обратив. Кај не се расплакав, кај не се размрсулајв. И во НСРМ и во ОБСЕ и во НАСА. Ми остана уште да одам кај Ката. Никој бре, никој не сакат да ми помогнит. А се работит за една посрана ама сепак животна желба. Дај остварете ми ја та желба па после нека умрам нека изгорам.

Па да ви кажам искрено побргу ќе добиев аболиција отколку ова. Па побргу ќе ме примеа во ПЕНТАГОН отколку ова. Прво мислев да исценирам државен удар, ама видов дека фајде немат. Па разберетеме и јас сакам да сум среќен луѓ. Па и јас сакам бре луѓе да одам на квизон кај Драгана Вучиќ. Како ам. Зш други да се повластени, а јас не. А?

Па спиздив бре. Од шо сум спизден мојт да ми дојт. Абре кој не му се јави на Драгана и не и не. Незнам и јас веќе шо. Дал да звонам кај Нуланд, дал да му досадвам на Орафа ли, Хан ли, Бејли ли….или некој друг ветропир. Незнам. Пак најискрено ако не свршам работа ќе одам и ќе јадам бурек. Па да ти кажам ако ми прекурчит и јас ќе почнам да фарбам згради. Ами како.

Шо појќе имет оние шо досега одат на квизов, а мене не ме примет. Дас не поглупи од мене ? А? Дан се посељаци од мене? Дан можат да трпат појќе од мене Драган дур ги заебават ги исмејават? И нека ги исмејават бре ко е преинтелегентен. Па и да ми се пуштит пред камери ќе му дам шо ако сум маж. Па и јас сакам Драган да ми се смејт ко не доквакан, а јас ко зелен да се радвам дека ме дупит.

И јас бре сакам малку гага да живеам и јас сакам да земам некоја од оние скапи награди. Ми се лошит мене мислиш да земам 120 грама сол?  50 грама вегета? Или 70 грама кжцана сол? Па да ми доделит сечење на нокти, ластик за гашчи, па на крај краева нека ми дајт и два тампони. Или ќе ги поклонам на некоја или пак во негова чест кај не ошло ќе си ги напикам. Јас не сакам да си каснам пуфки едно кесе за двајца? Не сум јас душичка да добијам лабело за усни? Или грожчева маст? А? Арно ама немам кај да се обратам. Ми остана уште Ердоган. Тој све мојт да смислит.

Веќе неможам вака под притисок морам малку релакас. Одам Дојран. Како ам. Шо ако сум охриѓанец. Морат сите да се собериме и да раскажиме како си врвиме да си напрајме реклама за Охридецов наш. Па да нагрнат уште појќе туристи. Да бре. Мада преубо е овде. Само со 1000 денари си тераш еден ден на било која плажа. Ко ти викам.

За такси 200 , за лежалка + пијачка+песка в гас и за косата мрсна од келенерот само 300. Е ако имат тој црно под ноктите уште 50 за стружење. Нормално ако немат добиено награда во “Среќни лиѓе“ па да е среќен луѓ. Само 150 за сладолед, ама само ако е смрзнат, иначе ако е стопен 200 зш мојш да го искористиш за миење лице на пола лижење. И ако сакаш да се преслечиш во суви купачи ти останвет 100 да му  ги дајш на дечкото да ти  држит риза само од напред, а газот нека ти го гледет. А ако добијам награда депилација  на квизон ќе заштедам 50 денари за риза. Шо ако ми ги гледет дисаѓиве. Депилирани ќе се.

Е зш во Дојран? Еми ради правилникот. Ако Драган не ми исполнвит желби ја го Нино, дечко за све. Го мена правилнокот за загаденост на водите и јас пичам таму влегвам во вода какам а Нино викат: според новиот правилник ова не е гомно ами е видра, кафеава. Јас си мочкам во вода Ниничко викат ова не е моч ами е Газоза природна. Крштеваш дете со ешерихија коли зш во него пишит дека од сега ешерихија е босилек. Ам како . Абе среќни луѓе.

ЏИМИ
[email protected]

Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив