Жена, чиј идентитет не е познат за јавноста, сакала да убие змија на која налетала пред својата куќа во Тексас. Во таа прилика успеала да ја запали и целата куќа, а за малку и куќата на соседите.

Имено, жената ја полила змијата со бензин и ја запалила, а животното побегнало во тремот од куќата. Избил пожар кој за жал ја зафатил куќата, па дури и ја оштетил онаа на соседите. Жената во очај веднаш повикала противпожарни служби, но куќата за жал изгорела.