Португалската полиција уапсила една помлада жена која пред влез на самопослуга во Лисабон се обидувала да ја продаде својата 4 месечна ќерка. Таа им се обраќала на минувачите и го нудела своето бебе на продажба за 15.000 евра.

Еден од продавачите во дуќанот посматрал што се случува и повикал полиција. Полицајци во цивил, преправени како купувачи, и пришле на жената па ја уапсиле заедно со деветте нејзини помагачи. Жената е од источна Европа. Бебето е сместено во дом.

Случајот во Португалија предизвикал бран реакции бидејќи јавноста е сеуште под шок заради случајот со киднапираното тригодишно девојче од Англија, Меделеин, кое е киднапирано пред 10 дена. Овој случај се поврзува со меѓународните криминални канали за препродажба на деца.

(hina)

С. К.